Звонимир Бобан побара навивачите да имаат трпение, но призна дека 5:0 поразот од Аталанта беше за срамота на сите во клубот. Во последниот меч од 2019 година, „Ле деа“ го растури Милан, но директорот Бобан вели дека „Гранде Милан“ од 30-годишната ера на Силвио Берлускони не може да се врати толку бргу.
„Вакви порази секогаш болат и нормално дека би сакале веднаш да сме конкурентни, но знаеме дека тоа не може така. Потребно е време. Милан на Берлускони не може да се направи за шест месеци или една година. ова е голем удар за нас, но мораме да се разбудиме и да реагираме. Божиќ нема да биде убав, тоа е сигурно“, вели Бобан.
Милан последен пат загуби со 5:0 во мај 1998 година, во составо во кој беше самиот Бобан.
„Бев во тој меч во 1998 година, но такви работи се случуваат, тоа е спортот. Не треба да го фрлиме во вода тоа што го правевме последните неколку месеци. Мечот не беше добар и тоа боли, ова е засрамувачки. Ќе се засилиме во одбраната и нападот, но ќе видиме какви шанси има. Сепак, ние сме задоволни од тренерот Пиоли и неговата работа. Тука нема сомнеж“, вели Бобан.
? Our Chief Football Officer, Zvonimir Boban, had his say on today’s game
? Watch the interview on our app: https://t.co/SWTea3GYoA#AtalantaMilan #SempreMilan pic.twitter.com/xyjOCsL2N0
— AC Milan (@acmilan) December 22, 2019