Top Sport

Илјадници играчки за децата, трите поени за Атлетико (видео)

Атлетико Мадрид стигна до 2:0 победа на тешкото гостување кај Реал Бетис за да се врати на четвртото место на табелата, кое претходно им го „одзеде“ тимот на Реал Сосиедад.

По тесното прво полувреме, во кои Бетис имаше повеќе од играта, на полувреме имаше традиционално фрлање на плишани играчки на теренот во Севилја, кои потоа ќе бидат донирани во детските добротворни организации.

Резултатот, конечно, беше отворен во 58. минута кога Анхел Кореа по еден брз контранапад, го помина голманот Жоел Роблес за водство на тимот на Диего Симеоне. Водството го удвои Алваро Мората во 84. минута повторно по асистенција на Кореа, а домаќините успеаја да вратат еден гол во 93. минута преку Марк Бартра.

Атлетико се четврти со 32 поени, два помалку од третопласираната Севилја и седум зад лидерот Барселона, додека Бетис се на 13.  место со 23 поени откако се прекина нивната низа од четири меча без пораз.

Scroll to Top