Top Sport

Бобо Виери: Влаховиќ е класа, во Баерн ќе дава по 30 гола во сезона како од шега

Легендарниот италијански фудбалски напаѓа, Кристијан (Бобо) Виери со пофалби за играта на младиот српски голгетер, Душан Влаховиќ. Тој напаѓачот на Фиорентина го стави „рамо до рамо“ со Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

„Ако сум на место на Баерн и морам да го заменам Левандовски, ќе тргнам по Влаховиќ и Халанд. Напаѓачот на Фиорентина во Германија лесно би постигнувал по 30 голови. Влаховиќ е класа. Ако отиде во Јувентус,таму лесно би постигнал 28 гола. Толку е брз, силен и технички моќен. Импресивен е“ смета Виери.

Тој направи споредба меѓу напаѓачот на „виолетовите“ и голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн.

„Иако е очигледно дека напаѓачот на Тотенхем е моментно поподготвен со оглед на кариерата која ја има, пред Влаховиќ е иднината. За мене Душан и Ерлинг се фудбалерите кои секој врвен тим треба да ги има“ смета Бобо Виери.

Scroll to Top