Top Sport

Бод за Работнички кај Академијата

Работнички ставија крај на лошата низа во првенството откако, во првиот меч од 13 коло, освоија бод во Струмица кај фаворизираните Академија Пандев.

Дуелот на кој блескаа голманите Чубраковиќ и Шишковски со прекрасни интервенции во финишот на мечот, донесе по еден гол во секое од полувремињата.

Академија Пандев по половина час игра го постигна голот за предност преку Кристијан Стојковски.

„Романтичарите“ голот што им донесе бод на тешкото гостување го постигнаа во 72 минута преку Шаркоски.

фото/ fkrabotnicki.com

Scroll to Top