Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски е многу блиску до трансфер во шкотскиот прволигаш Абердин. Тој ги договорил личните услови со раководството на клубот, а сега останува Абердин и МТК да најдат заеднички јазик за отштетата.
МТК испадна во втората лига на Унгарија и ја разгледува можноста за разделба со странците, а таму играа Бојан Миовски, Стефан Спировски, како и Себастијан Херера, кој исто така има македонски пасош.
Се очекува во наредните неколку дена да се интензивираат преговорите меѓу двата клуба и трансферот на Миовски во Абердин да биде официјализиран.