Top Sport

Марк Гасол ќе игра за Џирона во АЦБ лигата

Џирона, клуб основан во 2014 година од Марк Гасол, по многу неизвесност успеа да се пласира во АЦБ лигата на Шпанија. Во тоа донекаде помогна и Марк Гасол, но поради повредите прашање беше дали повторно ќе игра кошарка.

Одговорот е – тој ќе игра во дресот на Џирона!

Марк Гасол и следната сезона ќе продолжи да настапува за својот клуб, овојпат во АЦБ лигата, што предизвика голема еуфорија во шпанската кошарка.

Џирона успеа за осум години да стигне до Ендеса лигата од четвртиот ранг на натпреварување, благодарение на Марк Гасол, кој сега помага и на теренот.

Scroll to Top