Top Sport

Бојкот на социјалните мрежи поради расизмот во англискиот фудбал

Асоцијацијата на професионални фудбалери во Премиер лигата (ПФА) покрена кампања за бојкотирање на социјалните мрежи 24 часа поради расизмот во фудбалот.

ПФА побара од професионалните фудбалери во Англија и Велс да постираат графика со хештег „#Enough“ (доста) во петок во 8 часот наутро. Ова е обид да се натераат социјалните мрежи да се вклучат во борбата против расистичките коментари на Интернет.

Дени Роуз од Тотенхем ја поддржа кампањата: „Не сакам во иднина фудбалерите да поминуваат низ тоа што јас поминував“, додека Крис Смолинг од Манчестер јунајтед исто така застана зад кампањата неколку дена откако неговиот соиграч Ешли Јанг на Твитер доби тирада расистички коментари по елиминацијата од Барселона.

„Во мојата кариера добив дебела кожа против вербалните напади, сметајќи дека се работи за дел од играта, но дојде време Твитер, Инстаграм и Фејсбук да ги регулираат своите канали“, изјави Смолинг.

Scroll to Top