Top Sport

Бојку: Будуќност е црногорски шампион, но Струга ТЛ оди на победа!

Македонскиот првак Струга Трим Лум доживеа непријатна елиминација од Жалгирис во квалификациите за ЛШ, но ќе се потруди да остане подолго во Европа преку настапите во Конференциската лига. Стружани денеска (17 часот) на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид го пречекуваат црногорскиот тим Будуќност во првиот меч од втората рунда во ова натпреварување.

Фудбалерот за врска Бесмир Бојку вели дека противникот е добро анализиран и очекува триумф.

„Против себе ќе имаме квалитетен тим, шампион на својата земја. Во изминатите денови добро се подготвивме за двомечот со Будуќност, противникот е анализиран во детали. Во Европа нема лесни противници. Го респектираме Будуќност, но и веруваме во нашите можности и одиме на победа. Ги повикувам навивачите да ни ја дадат потребната поддршка и да ни помогнат да испишеме нова клупска историја“, изјави Бојку.

Scroll to Top