Top Sport

(ВИДЕО) Излезе Меси, ајде да си одиме

Лионел Меси ја крена публиката на нозе во својот прв настап како стартер и со капитенската лента во Интер Мајами, овозможувајќи му триумф на тимот против Атланта со 4:0. Но, неверојатна сцена се случи по 78.минута, кога Аргентинецот беше повлечен од игра.

Меси доби овации од фановите за одличната игра, а потоа голем дел од навивачите решија веднаш да го напуштат стадионот и не го догледаа натпреварот. Ова само покажува колкава е магијата што аргентинската ѕвезда ја носи на Флорида.

Неговото доаѓање предизвика вистински навивачки ураган на натпреварите на Интер Мајами, но очигледно дека штом Меси ќе излезе од игра, сѐ е поинаку.

Scroll to Top