Top Sport

Бока официјално побара одложување на финалето на Копа Либертадорес и казна за Ривер!

Бока јуниорс формално побара одложување на неделниот втор меч од финалето на Копа Либертадорес против Ривер Плата, тврдејќи дека мечот кој беше преместен од саботата по нападот на нивните фудбалери на патот до стадионот „Монументал“, едноставно не може да се одржи под „еднакви услови“ за двата клуба.

По првиот меч на „Бомбонера“, кој заврши 2:2, одлучувачкиот меч беше одложен во саботата, откако навивачите на Ривер Плата го нападнаа автобусот на Бока и повредија дел од фудбалерите.

„Бока смета дека нема еднакви услови за двата клуба и бара мечот да биде откажан и да се доделат казни“, се вели во соопштението на клубот.

Мечот е закажан за вечерва во 21 часот, а организаторите, Јужноамериканската фудбалска конфедерација (ЦОНМЕБОЛ) не дава официјален одговор.

„Суперкласико“, како што Аргентинците го нарекуваат мечот на двата најпопуларни клубови во земјата, требаше да биде најголемото финале во 58-годишната историја на Копа Либертадорес, но наместо тоа ќе остане запаметено по неверојатното насилство.

Страшните сцени од автобусот и соблекувалната на Бока (видео)

Scroll to Top