Top Sport

„Боксинг деј“ не разочара – Сити и Лестер со гол-шоу, дури 22 голa на четири меча!

„Боксинг деј“, денот за фудбал во Премиерлигата, не разочара, откако во само четири меча од попладневната програма од 19. коло беа постигнати неверојатни 22 гола, или повеќе од пет гола во просек на натпревар.

Убедливо најинтересно беше на „Етихад“, каде што Манчестер сити водеше со 4:0 против Лестер, по што „лисиците“ се вратија на 4:3, за на крајот мечот да заврши со 6:3. Арсенал им даде пет гола на Норич (0:5), Тотенхем со 3:0 го совлада Кристал палас, додека Саутемптон во уште еден меч полн со голови со 3:2 го совлада Саутемптон.

Актуелните шампиони, Сити на Пеп Гвардиола, имаа атомски старт на мечот со четири гола во првите 25 минути – Кевин де Брујне во петтата минута постигна фантастичен гол, за во 14. минута, Фернандињо од пенал да зголеми на 2:0. Илкај Гундоган во 21. минута даде гол за 3:0, за Рахим Стерлинг од втор пенал во 25. минута да најави катастрофа на Лестер.

Но, тогаш, „лисиците“ се пробудија. Џејмс Медисон во 55., Адемола Лукман во 59. и Келечи Ихеаначо во 66.  минута најавија камбек. Сепак, Ајмерик Лапорт, денеска со капитенската лента во 72. минута зголеми на 5:3, пред Стерлинг со вториот гол во 87. минута да ја обезбеди победата.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

ПРЕМИЕРЛИГА, 19.КОЛО

Манчестер сити – Лестер 6:3

Норич – Арсенал 0:5

Тотенхем – Кристал палас 3:0

Вест хем – Саутемптон 2:3

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top