Top Sport

Болниот фудбалер Риксен ги повика фановите на својата „последна ноќ“

Поранешниот фудбалер на Глазгов Ренџерс, Холанѓанецот Фернандо Риксен, кој од 2013 се бори со невродегенеративна болест, ги повика своите фанови на средба овој месец, за која тој вели ќе биде неговата „последна ноќ“.

42-годишниот Риксен, кој помина шест сезони во Ренџерс од 2000 до 2006 година, во моментов тежи само 40-тина килограми и е во постојана нега во болницата во Ердри, Велика Британија. Во видео кое го објави неговиот пријател, тој објави дека на 28 јуни ќе има „Вечер со Фернандо Риксен“, неговото последно јавно појавување.

„На 28 ќе има посебна вечер. Бидејќи станува многу тешко за мене, тоа ќе биде мојата последна ноќ. Дојдете да ја направиме ноќта за сеќавање“, изјави Риксен со помош на компјутерско генериран глас.

Болеста на Риксен ги напаѓа невроните во мозокот и ’рбетот по што се намалува можноста за зборување, јадење, и дури дишење.

Риксен играше за АЗ Алкмар, Глазгов Ренџерс и Зенит Санкт Петерсбург, освојувајќи две шкотски титули и една руска. Тој имаше 12 настапи за холандската репрезентација.

Scroll to Top