Top Sport

Рикардо: Хамилтон ме блокираше исто во 2016, но не беше казнет (видео)

Формула 1 фановите од неделата попладне се во дискусија дали казната од 5 секунди за Себастијан Фетел која му ја уништи трката во Канада беше заслужена. Сега со свое мислење се јави и поранешниот колега на Фетел, сега возач на Рено, Даниел Рикардо.

Контроверзниот момент се случи на четвртата кривина, кога Фетел излезе од патеката и влезе директно пред Хамилтон, кој мораше да сопира за да спречи судир. Казната „болеше“ повеќе бидејќи му го одзеде првото место на Фетел, кој беше бесен по трката, и на моменти дури изгледаше дека не планира да се качи на подиумот.

Рикардо пак, потсети на Монако ГП во 2016 година, кога тој беше блокиран од Хамилтон кој излезе од патеката на шиканата Нувел. Австралиецот смета дека двата инциденти се само „цврсто тркање“ и дека немало потреба за казна.

„Ако одеше уште полево, тогаш ќе се извртеше. Ако сопираше на тревата, тогаш ќе се извртеше. Немаше многу место за Луис, но беше сосема доволно. Имав идентична ситуација со Луис во Монте Карло во 2016 – тој мораше да излезе од патеката и за малку ќе ме удреше во ѕидот кога се врати. Со мене беше потесно, но тој не доби казна и тоа беше добро. Се работеше за тркање“, вели Рикардо.

Фетел: Стјуардите се „слепи“ (Видео)

Scroll to Top