Top Sport

Болоња го растури тимот на Несторовски

Болоња оствари убедлив триумф на домашен терен славејќи против Удинезе со 3:0. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го одигра второто полувреме за гостите, но не придонесе многу да се избегне поразот.

Стефан Пош уште во третата минута донесе предност за Болоња, а Никола Моро зголеми на 2:0 веќе во 12.минута.

На почетокот на вториот дел, Муса Бароу постигна трет погодок за домаќинот и победникот беше одлучен.

Scroll to Top