Болоња стигна до сензационална 2:1 победа над Интер во одоложениот меч во Серија А, за да ја уништи пансата на „нераѕурите“ да се вратат на првото место на табелата на само четири кола пред крајот на сезоната, и така да му направат услуга на Милан, кој останува лидер со два поени предност пред градскиот ривал.
Иван Перишиќ ги донесе гостите во водство по само три минути игра, но Марко Арнаутовиќ успеа да израмни во 33. минута од мечот, пред Никола Сансоне да ги шокира гостите во 82. минута од мечот.
Во вториот одложен меч, Торино и Аталанта одиграа трилер 4:4 реми, во кое домаќините пропуштија водство од 4:2.
Standings provided by SofaScore LiveScore