Top Sport

Болоња ја победи Сампдорија, гостинските навивачи со порака за Михајловиќ (видео)

Болоња ја прекина низата без победа и со 2:1 триумфираше над фенерџијата Сампдорија во првиот меч на Клаудио Раниери на клупата на клубот од Џенова.

Од другата страна, Болоња повторно беше без својот тренер Синиша Михајловиќ, кој започна трета „тура“ на хемотерапија за леукемијата, а во одличен гест, гостинските навивачи го поздравија својот поранешен играч со убав транспарент.

„Победниците секогаш наоѓаат начин, напред Синиша“, пишуваше на транспарентот на навивачите на Сампдорија.

На теренот, Болоња дојде во водство во 48. минута преку Родриго Паласио, пред гостите во 64. минута да израмнат преку Габијадини. Сепак, триумфот на Болоња беше потврден во 78. минута, кога Матија Бани успеа да ги израдува навивачите на „Ренато Дал’Ара“. Болоња се на 10. место во Серија А со 12 поени, додека Сампдорија има само четири поени на дното на табелата.

Scroll to Top