Top Sport

Пинтуро импресивен во првата трка по крајот на ерата на Хиршер (видео)

Алексис Пинтуро предводеше импресивна 1-2 победа во првата трка од новата сезона, велеслаломот во австрискиот Зелден, што инаку беше и првата трка во ерата на Светскиот куп без доминантниот Австриец, Марсел Хиршер.

Пинтуро беше сметан за еден од фаворитите за титулата во генерален пласман оваа сезона, по одлуката на Хиршер да се повлеч од спортот, и тој ја докажа оваа улога во неделната трка. Тој водеше во првата трка со 0.02 секунди пред сонародникот Матју Фавр, за да го победи и во второто возење со комбинирано време од 2:14.14. Словенецот Жан Крањец го комплетираше подиумот.

„Беше навистина фантастично, имав две солидни возења и прекрасно е да се победи тука по три години пауза. Убав старт“, изјави Пинтуро.

Најголемото разочарување го имаше Хенрик Кристоферсен, Норвежанецот кој се сметаше за наследник на Хиршер, но по првото лошо возење, второто не го заврши, додека изненадија Американците, откако Томи Форд беше четврт, а Тед Лигети заврши на петтото место.

Scroll to Top