Top Sport

Болоња во трилер меч ја заврши сезоната со победа над Наполи (видео)

Федерико Сантандер постигна два гола да ги предводи Болоња до седма последователна домашна победа со 3:2 над Наполи, иако италијанските вицешампиони направија импресивен кам-бек во второто полувреме во последниот меч за нив оваа сезона.

Двата тима немаа голем мотив за резултат во последниот меч, бидејќи Болоња под водство на новиот тренер Синиша Михајловиќ обезбеди опстанок, додека на Наполи не му „бегаше“ второто место по 4:1 победата над Интер.

Болоња го шокираше Наполи со два гола преку Сантандер во 43. минута и преку Блерим Џемаили само 120 секунди подоцна. Сепак, во второто полувреме, „партенопеи“ полека но сигурно се вратија во игра – Фаузи Гулам во 57. минута и Дрис Мертенс во 77. минута придонесоа за интересен финиш на мечот, пред Сантандер во 88. минута со гол со глава да ги постави конечните 3:2.

Scroll to Top