Најбрзиот човек во светот, Јусеин Болт (32), откако се збогува со атлетиката се обидува да започне фудбалска кариера.
Болт тренира со екипата Централ Коуст маринерс, меѓутоа засега овој клуб не му има понудено да потпише договор. Откако пред неколку дена постигна два гола во пријателски меч, Болт доби понуда од Валета од Малта. Оваа понуда поранешниот спринтер решил да ја одбие.
Иако Болт има голема желба да стане фудбалер, поранешниот репрезентативец на Германија, Маркус Бабел тврди дека од тој никогаш нема да стане фудбалер. Инаку Бабел работи во Австралија како тренер во Вестерн Сиднеј вондерерс.
„Го гледав како игра и со должна почит морам да кажам дека тој ниту за сто години нема да стане фудбалер. Неговиот ангажман е одличен маркетинг трик, бидејќи австралиската лига би добила големо внимание“, рекол Бабел за швајцарскиот весник „Блик“.
Бабел кој со репрезентацијата на Германија, во 1996 година стана европски првак, во кариерата играл во Штитгарт, ХСВ, Блекбурн , Баерн и Ливерпул.