Top Sport

Болт си заминал од Централ Коуст Маринерс

Јусеин Болт и Централ Коуст Маринерс решиле да ја прекинат соработката, бидејќи клубот не бил во можност да најде финансиска поддршка.

Австралискиот клуб пред две недели му понудил договор на Болт, меѓутоа финансиските детали не го задоволиле поранешниот атлетичар. Потоа 32-годишниот спринтер бил отстранет од тренинзите на тимот, а потоа двете страни постигнале договор да ја прекинат соработката.

Болт во Австралија беше од август, а за Централ Коуст Маринерс постигна два гола на еден пријателски натпревар.

„Сакам да му се заблагодарам на клубот, менаџментот, играчите и навивачите што ме прифатија. Им посакувам многу успех понатаму“, порачал најбрзиот човек во светот.

Засега нема најави што ќе направи Болт, кој речи една година се обидува да започне фудбалска кариера.

Scroll to Top