Top Sport

Бомба во Англија – Конте на клупата на Тотенхем?

По цела деценија го врати Скудетото на „Џузепе Меаца“ и веднаш потоа реши да си оди од клубот.

Следната дестинација на Антонио Конте може да е англиски Тотенхем. И темпераментниот тренер и доскорешниот спортски директор на Јувентус, Фабио Паратичи се желба на челниците на „петлите“.

Според информациите на доброупатените извори во Лондон, останува да се договорат само деталите па Конте, кој ја има освоено Премиерлигата со Челси, да се врати во главниот англиски град.

Конте се споменуваше како најсериозен кандидат за нов тренер на Реал Мадрид, но искусниот Карло Анчелоти се врати на „Сантијаго Бернабеу“.

Во моментов Тотенхем е без менаџер откако Жозе Мурињо во финишот на сезоната си замина и премина во редовите на Рома. По заминувањето на Португалецот, функцијата тренер ја извршуваше Рајан Мејсон.

Scroll to Top