Top Sport

„Бомбата“ на Гуедеш донесе финале на Кралскиот куп за Валенсија

Валенсија ќе игра за својата прва титула од 2019 година, откако со 1:0 го совладаа Атлетик Билбао во вториот меч од полуфиналето на Копа дел реј, по 1:1 во првиот меч во Баскија.

Човек на одлука беше Португалецот Гонсало Гуедеш, кој во 43. минута од мечот го постигна единствениот гол со неверојатен удар од далечина, кој голманот Хулен Агирезабала немаше теорија да го фати. „Лилјаците“ последен пат славеа во Копа дел реј во 2019 година, кога со 2:1 ја совладаа Барселона.

Во второто полуфинале играат Рајо Валјекано на македонскиот голман Столе Димитриевски и Реал Бетис. На првиот меч, Бетис стигна до 2:1 победа на гости пред утрешниот реванш.

Scroll to Top