Top Sport

Минамино со два гола ги однесе Ливерпул во четврт-финалето на ФА купот

Неколку дена откако го кренаа трофејот од Лига купот (Карабао купот), фудбалерите на Ливерпул стигнаа до 2:1 победа над Норич во осминафиналето на ФА купот благодарение на двата гола на Такуми Минамино во само 12 минути. Во осминафиналето се и Саутемптон, кои со одлични 3:1 ги елиминираа Вест хем.

Минамино стрелаше во 27. и во 39. минута од мечот за 2:0 водство на полувреме, пред Германецот Лукас Руп да ги направи последните минути интересни намалувајќи на 2:1 во 76. минута.

На „Сент Мерис“ пак, Роман Перо ги донесе Саутемптон до водство во 31. минута, пред Мајкл Антонио да израмни за „чеканите“ во 60. минута од мечот. Капитенот Џејмс Ворд-Прауз од пенал девет минути подоцна ја врати предноста на домаќините, пред Армандо Броја во 95. минута да ја потврди победата.

Scroll to Top