Top Sport

Бонифејс за 50 милиони евра се сели во Серија А

Најдобриот стрелец на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс, ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.

Како што пренесува „Кориере дело Спорт“, Виктор Бонифас ќе се пресели од Леверкузен во Серија А, но не во Јувентус како што првично се шрпкулираше.

Истиот извор тврди дека Нигериецот ќе потпише за Милан во трансфер вреден 50 милиони евра.

Бонифејс се споменуваше како потенцијален напаѓач на Јувентус следната сезона, доколку Влаховиќ го напушти клубот. Очигледно е дека Србинот ќе остане во Торино, додека Бонифас ќе се пресели на „Сан Сиро“.

Нигериецот постигна 17 гола и запиша девет асистенции на 26 натпревари оваа сезона.

Scroll to Top