Top Sport

Осимен се сели во Париз

Виктор Осимен на крајот од сезоната ќе го напушти клубот. Тој неодамна потпиша нов договор со Наполи само за да му донесе големи приходи на клубот летниот преоден рок.

Се шпекулраше дека Нигериецот кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата (најголем интерес покажува Челси), но како што сега стојат работите негова цел не е Англија.

Имено, добро упатените медиуми од Апенините пренесуваат дека Пари Сен Жермен е на чекор до потписот на Осимен во трансфер вреден 120 милиони евра.

Во Париз, напаѓачот годишно ќе заработува по 13 милиони евра.

Scroll to Top