Top Sport

Бонучи: Девојката не ми остави друг избор освен да ја избркам од автобусот

Леонардо Бонучи одговори на обвинувањата дека бил претерано груб кон навивачката која ја исфрли од тимскиот автобус на италијанската репрезентација, објаснувајќи дека постојано и било објаснувано да не се качува во автобусот.

Инцидентот предизвика огромно внимание во Италија откако девојката го објави видеото на Тикток, тврдејќи дека добила дозвола од италијанскиот селектор Роберто Манчини. Бонучи реагираше и стана од своето седиште за да ја избрка од автобусот.

„Како капитен треба да се соочам и со обвинувањата. Сакам да објаснам дека младата дама која влезее во автобусот постојано добиваше пораки од тимот, од играчите бидејќи постојано се обидуваше да влезе во автобусот без дозвола. Таа веќе се фотографираше со речиси сите фудбалери на излезот од стадионот. Игнорирајќи ги правилата, таа почна и да снима што се случува. Автобусот за нас е како соблекувална, место каде што не им е дозволен пристап на тие кои не се дел од тимот. Ако сме во свет кој се бори за приватност, и ние имаме право на приватност. Не ми пречи да ме сметаат за лошо момче, но ми пречи кога ме претставуваат како човек кој би избркал некого без причина“, вели Бонучи.

„Најбрзата реакција со години“ – Бонучи исфрли навивачка од тимскиот автобус

Scroll to Top