Top Sport

Руд го „збриша“ Рубљов за да закаже големо финале против Ѓоковиќ

Норвежанецот Каспер Руд ќе се обиде да ја круниса својата неверојатна сезона со најголемиот трофеј во кариерата во АТП финалето, откако со 6:2/6:4 го декласираше Русинот Андреј Рубљов во второто полуфинале и закажа пресметка со Новак Ѓоковиќ, кој утре ќе оди на шестата титула од завршниот турнир.

Руд со победата осигура дека ќе ја заврши тениската сезона како светски тенисер број 3, но против Ѓоковиќ ќе треба да покаже дека не ја заслужува репутацијата на тенисер кој е најдобар на „малите“ турнири. Руд во кариерата има два порази во финалињата на гренд слем турнирите, и сите девет титули кои ги има освоено се на нивото АТП 250. Покрај тоа, тој има 0-3 скор против Ѓоковиќ, вклучувајќи пораз на минатогодишното АТП финале во Торино.

Финалето е на програма утре од 14 часот.

Scroll to Top