Top Sport

Бонучи: Главата не ми беше на место кога потпишав со Милан

Леонардо Бонучи тврди дека „немал чист ум“ кога потпишал со тимот на Милан, додавајќи дека одбил големи понуди од Кина за да се врати во Јувентус.

Бонучи направи шокантен трансфер од Јуве во Милан во летото 2017 година, и стана капитен на „росонерите“ пред да се врати во Торино, иако во меѓувреме стана омразен кај навивачите на Милан, но и на дел од навивачите на „старата дама“.

„Тоа се случи по моето искуство со болеста на мојот син Матео. Се работеше за многу напорна година и искусив многу работи кои одеа против мене и нешто ми недостасуваше. Но, потоа со текот на времето сфатив дека кога го направив трансферот, главата не ми беше на место. Годината во Милан ме натера да пораснам, но имав среќа да се вратам и сега сум среќен. Добивав навреди од момчиња од 12 до 14 години, што е тажно. Ако трансфер беше доволен за такво нешто, можам да замислам што може да се случи со нашите деца. Добив многу важна понуда од Кина, но ја одбив. Тоа не беше за мене“, вели Бонучи.

Бонучи: Немам проблеми со Алегри, ниту со навивачите

Scroll to Top