Top Sport

Може да гледаме и „мајсторки“ меѓу Ливерпул и Манчестер сити за титулата

До крајот на една од најнеизвесните сезони во Премиер лигата има само уште две кола, и иако Манчестер сити имаат поен предност пред Ливерпул, постои можност да гледаме и „мајсторки“, односно двомеч за одредување на титулата.

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп знае дека титулата ќе биде загубена ако загубат од Њукасл во недела, а Сити победи против Лестер во понеделник, но поверојатното сценарио е трофејот да се одлучува во последното коло кога Ливерпул ги пречекуваат Вулверхемптон, а Сити патуваат кај Брајтон, кои уште може да се борат за опстанок во тој меч.

Сепак, постојат и четири сценарија во кои, според „Би-би-спорт“ ќе се игра „мајсторка“, и резултатите не се толку неверојатни. Значи, ќе гледаме „мајсторка“ ако:

– Ливерпул победи со 5:0 и загуби со 2:1, а Манчестер сити ги одигра двата меча 0:0.

– Ливерпул победи со 4:0 и одигра реми 3:3, а Манчестер сити победат со 1:0 и загубат со 1:0.

– Ливерпул одигра две ремија со 3:3, а Манчестер сити одигра 0:0 и загуби со 4:0.

– Ливерпул одигра реми 3:3 и загуби со 4:3, а Манчестер сити загубат со 3:0 и со 2:0.

Секако, првите две верзии се многу поверојатни, а Манчестер сити веќе имаат искуство со драматично освојување на титулата, кога во 2011/12 го освоија трофејот со ист број на поени со Манчестер сити и со подобра гол-разлика, откако Серхио Агуеро постигна гол во судското продолжение.

Досега ова не се случило во Премиер лигата, но во 1995/96, лигата беше подготвена за „мајсторка“ во два меча на „Вембли“ за можен плеј-оф меѓу Манчестер јунајтед и Њукасл. На крајот, Јунајтед ја освои титулата со 4 поени предност.

Scroll to Top