Top Sport

Несторовски и Трајковски и официјално добија нови газди

Италијанскиот второлигаш Палермо потврди дека компанијата „Аркус нетворк СРЛ“ е новиот сопственик на клубот, ставајќи крај на 17-годишното владеење на Маурицио Ѕампарини и ветувајќи сигурна иднина за клубот во кој играат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски.

„Даниела де Анџели и ’Спортинг нетворк СРЛ’ објавуваат дека преносот на сопственост се формализираше денеска, а новите сопственици ќе имаат прес-конференција на 8 мај 2019, кога ќе се разјаснат сите детали“, се вели во соопштението на клубот.

Нов претседател на „росанеро“ ќе биде Алесандро Албанезе, додека Фабрицио Лукези ќе биде генерален менаџер на тимот.

Палермо мора да победи во последните два меча од Серија Б за да има шанси за автоматски влез во Серија А. Тие имаа низа на разочарувачки резултати по што го вратија Делио Роси како тренер.

Scroll to Top