Top Sport

Ферер: Никогаш не успеав да ја „решам“ мистеријата Роџер Федерер!

Шпанскиот ветеран Давид Ферер ќе се пензионира од тенисот во мај 2019 година на Мадрид опен, и во последното интервју зборуваше за својата долга кариера, но и „стравот“ од Роџер Федерер.

Ферер има неверојатен скор од 0-17 против Швајцарецот, и признава дека тој бил тенисерот против кого не можел да најде одговор.

„Никогаш не се чувствував помалку вреден од другите тенисери. Знаев дека постои момент во кој можам да играм против сите. Но, не, со Роџер не, тоа дефинитивно, но со сите други. Се сеќавам на едно четврт-финале против Енди Мареј, во кое бев неверојатен, но не можев да играм со него. Секој има такви моменти“, вели Ферер.

Според многумина Ферер е најдобриот тенисер на неговата генерација кој не освоил гренд слем, но Шпанецот не губи сон поради тоа.

„Ако не сум успеал да освојам гренд слем, тоа е поради мојата игра. Да бидам искрен, не би се сменил со тенисерите кои имаат гренд слем, но немаат толку победи како мене. Среќен сум со тоа што го остварив и тоа што толку време бев топ 10 тенисер. Тоа ми носи огромна среќа и задоволство“, вели Ферер.

Scroll to Top