Top Sport

Најневеројатниот гол доаѓа од Израел и е дело на Хабиб Хабибу (видео)

Хабиб Хабибу, поранешниот фудбалер на Лидс јунајтед и Рен, постигна еден од најчудните голови во историјата на фудбалот, предводејќи ги Макаби Петах Тиква до 1:0 победа над Макаби Нетанија.

31-годишниот фудбалер од Централноафриканската Република, стоеше над повредениот соиграч во шестнаесетникот, но неговиот тим не ја прекина играта, и кога топката беше нафрлена кај него, Хабибу го остави соиграчот на тревата и постигна гол!

Секако, противниците беа бесни, но Макаби Петах Тиква стигна до првата победа од септември!

Scroll to Top