Top Sport

Визардс се пласираа во плеј-офот, Мајами ќе почекаат (видео)

Ото Портер јуниор постигна 26 поени, а Бредли Бил додаде 22 за Вашингтон визардс да ги совладаат Шарлот хорнетс првпат оваа сезона и со 101:93 триумфот во својата „Капитал уан арена“ да обезбедат место во плеј-офот.

Визардс (42-34) со победата се одвоија на шестото место на Истокот пред Мајами и Милвоки и пред деветопласираните Детроит. Портер и Бил имаа по 6 тројки, за одличен скор од далеку (12-од-18).

Мајами имаа шанса да стават печат на пласманот во плеј-офот во домашниот меч со Бруклин, но гостите имаа одлично второ полувреме и во продолжението стигнаа до 110:109 победа. Двејн Вејд во последните секунди го реши мечот за Нетс да стигнат до трета победа во четири натпревари против Мајами, а во исто време ја прекинаа низата од девет домашни победи на Хит.

Во дуел на лидерите на Истокот, Бостон стигнаа до 110:99 победа над Торонто за да се доближат на два меча зад Репторс со по шест натпревари задвата тима до крајот на сезоната.

Маркус Морис имаше 25 поени и 9 скока, Џејсон Тетјум додаде 24 поени, за Селтикс да стигнат до својата шеста победа во низа. За Торонто, Демар Дерозан имаше 32 поени и седум асистенции, но не успеа да спречи Репторс да загубат по четврти пат во последните седум натпревари откако имаа победничка низа од 11 меча.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Вашингтон – Шарлот 101:93

Мајами – Бруклин 109:110 ОТ

Сакраменто – Голден стејт 96:112

Бостон – Торонто 110:99

Њујорк – Детроит 109:115

Scroll to Top