Top Sport

Бонучи: Не „удрија“ кога бевме со 10 играчи, не го искарав Матуиди

Јувентус доживеа разочарувачки 1:0 пораз од Лион во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите, во кој имаа разочарувачка игра и според официјалната статистика не упатија ниту еден удар во рамките на голот во 15 обиди.

Леонардо Бонучи, кој уште пред стартот на мечот ја покажа нервозата со расправијата со Блез Матуиди вели дека морале да играат подобро.

„Првото полувреме беше многу лошо и наопаку. Бевме втори до секоја топка, а во некои мечеви плаќаш за најмалата грешка. Не бевме доволно агресивни и тоа е проблем со менталитетот, требаше да се разбудиме порано. Не го карав Матуиди, туку му кажав дека тимот ги вклучува и тие кои се на клупата и дека треба да е подготвен да се активира“, објасни Бонучи по мечот.

Голот на Лион падна во период кога Јувентус беа на теренот со 10 играчи поради санирањето на повредата на главата на Матијс де Лихт и Бонучи беше незадоволен.

„Не ’удрија’ кога бевме со 10 играчи, тоа беше малиот момент во кој тие беа умни и тргнаа по гол. Сега мораме да се соземеме и мораме да се бориме за квалификација во вториот меч“, изјави Бонучи.

Пеп и Сити го освоија „Сантијаго Бернабеу“, Јувентус загуби во Лион (видео)

Scroll to Top