Top Sport

Гвардиола владее со „Бернабеу“ – Де Брујне: Пеп успеа да не изненади

Манчестер сити успеа да стигне до славна победа на гости кај Реал Мадрид од 2:1, и Кевин де Брујне, човекот кој имаше асистенција и го постигна победничкиот гол од пенал, вели дека и покрај тоа што соработува со тренерот Пеп Гвардиола толку години, вечерва бил изненаден.

„Се мачевме во првите 15 минути, но морате да го изддржите тоа. Првото полувреме беше израмнето, а на почетокот на второто игравме навистина добро, кога дојде нивниот гол. Но, одговорот беше брилијантен, а голот на Габриел Жесус прекрасен. Во четири години со Пеп, тој уште знае да не изненади. Понекогаш не ни кажува до стартот на мечот што сака да направиме. Но, ова е само половина завршена работа. Сега мораме да се подготвиме за неделното финале во Карабао купот против Вила“, изјави Де Брујне.

Гвардиола во изјава за шпанските медиуми по мечот предупреди дека ништо не е готово.

„На ’Бернабеу’ морате да страдате. Примивме гол кога игравме подобро, а дадовме голови кога тие беа подобри, но така е во ова натпреварување. Но, ако некој тим знае како да ја сврти работата во Лигата на шампионите тоа е Реал Мадрид“, вели Гвардиола.

Гвардиола е тренерот кој го победил Реал Мадрид најмногу во 21. век, дури 10 пати, поминувајќи ги Ернесто Валверде и Диего Симеоне, кои имаат по 9 победи над „кралевите“. Покрај тоа, Гвардиола има неверојатен скор на „Бернабеу“ – во 9 мечеви има шест победи, 2 ремија и само еден пораз.

Пеп и Сити го освоија „Сантијаго Бернабеу“, Јувентус загуби во Лион (видео)

Scroll to Top