Капитенот на фудбалската репрезентација на италија, Леонардо Бонучи, рекол дека нема намера да му се извини на ерменскиот напаѓач Алексанар Карапатијан, ниту на неговите соиграчи, за однесувањето во нивниот меѓусебен дуел пред неколку дена во Ереван.
Фудбалерот на Сочи во 11 минута го постигна водечкиот гол на натпреварот, но до крајот на полувремето беше исклучен поради два жолти картони.
Вториот жолт картон му беше покажан бидејќи со лакт го удрил по лицето Бонучи, меѓутоа снимката ги покажува актерските способности на искусниот Италијанец.
„Почитувам се што си постигнал во својот фудбалски живот, но ова е срамно“, напишал Карапетијан на својот профил на „Инстаграм“.
„Такви работи се случуваат на теренот и не чувствувам потреба да се извинам“, рекол Бонучи синоќа во Тампере по победата на Италија над Финска 2-1.
„Не размислував воопшто дека тој веќе има жолт картон, инстинктивно реагирав бидејќи претходно два пати ме удрија со лакт по лицето“, заклучил Бонучи, кого по мечот со Ерменија го обвинија дека се покажал како добар актер.