Италијанскиот фудбалски дефанзивец, Леонардо Бонучи повторно со провокација до Англичаните откако Италија го победи „Гордиот Албион“ на пенали во финалето на ЕУРО 2020.
„Ние и понатаму јадеме тестенини… А вие? – напиша Бонучи приложувајќи фотографија на која заедно со партнерот во одбраната на „Азурите“, но и на Јувентус – Џорџо Кјелини јадат тестенини од ист тањир.
Бонучи се надоврзува на провокацијата која им ја испрати на Англичаните веднаш по финалето дека мора да стекнат повеќе искуство за да им парираат. Тогаш им порача: „Мора да јадете тестенини, јадете повеќе тестенини“.
Англичаните се чини добро ќе го запаметат Бонучи и поради „пецкањето“, но и по фактот што тој го постигна израмнувачкиот гол на „Вембли“, а беше прецизен и од белата точка.
Noi continuiamo a mangiare pastasciutta… e voi? ??? #LB19 #Euro2020 #VivoAzzurro pic.twitter.com/SOvqOUx65G
— Leonardo Bonucci (@bonucci_leo19) July 17, 2021