Top Sport

Бонучи потпиша нов договор со Јуве: Ова е незаборавен ден за мене

Леонардо Бонучи вели дека никогаш нема да го заборави овој „историски ден“, откако потпиша нов договор со Јувентус. Бонучи го продолжи договорот до 2024 година, со што ќе остане кај „бјанконерите“ до својата 37 година.

„Се работи за историски, незаборавен ден. За мене ова е остварување на сонот. Уште еден потпис на важен договор и им должам сè на претседателот, на Фабио Паратичи и Павел Недвед, на сите мои соиграчи и на навивачите. Јувентус е мојот дом“, вели Бонучи.

Навивачите на Јувентус полека му простија на Бонучи, откако тој лани се врати во клубот по едногодишна „авантура“ во Милан, а покрај тоа тој ја носи капитенската лента во отсуство на повредениот Џорџо Кјелини.

Scroll to Top