Top Sport

Марадона ја напушти Гимназија

Аргентинскиот клуб Гимназија Ла Плата потврди дека легендата Диего Марадона веќе не е нивни тренер по само два месеци.

Марадона реши да замине од клубот откако вети дека ќе се повлече ако сегашниот претседател на клубот, Габриел Пелегрино не се кандидира за нов мандат.

„Марадона веќе не е тренер на Гимназија. Резервниот тренер Маријано Месера ќе го води тимот против Арсенал Саранди“, изјави Пелегрино.

59-годишниот Марадона оваа година си замина од мексиканскиот второлигаш Дорадос, откако во два плеј-офа не успеа да ги внесе во првата лига. Во септември тој беше ангажиран како тренер на Гимназија и успеа малку да ја подобри нивната форма, победувајќи во три од последните пет натпревари на чело на клубот. И покрај ова, Гимназија останува во зоната за испаѓање на Суперлигата со 24 клуба.

Scroll to Top