Top Sport

СЕХА: Веспрем ја декласираше Металопластика, ППД Загреб немоќен во Брест

Веспрем лесно со 36:29 ја победи Металопластика за да се зацврсти на првото место во Б групата во СЕХА лигата, но и Мешков Брест остана во „трка“ за првото место по 33:29 победата над ППД Загреб.

Јахија Омар, Драган Гајиќ и Андреас Нилсон постигнаа по шест гола за унгарскиот гигант, додека македонскиот репрезентативец Дејан Манасков имаше два постигнати голови. За Металопластика, Милан Милиќ со седум гола беше најефикасен.

Претходно Мешков со 33:29 го победи ППД Загреб и сега за првото место во групата ќе мора да победат во преостанатите два меча од регуларната сезона и да се надеваат дека Веспрем ќе направи грешка.Микита Ваилупау продолжи со одличната голгетерска низа со седум гола, додека по пет имаа Вјачеслав Шумак и Александер Шкурински, додека за Загреб, Филип Вистороп имаше седум гола.

СЕХА ЛИГА

Мешков Брест – ППД Загреб 33:29 (16:15)

Веспрем – Металопластика 36:29 (22:14)

Scroll to Top