Top Sport

Сестрата на Емилијано Сала се обидела да се самоубие

Ромина Сала – сестрата на покојниот аргентински фудбалер Емилијано Сала кој загина во авионска несреќа е хоспитализирана претходната вечер откако се обидела да се самоубие.

Медиумите во Аргентина пишуваат дека Ромина е во критична состојба и докторите се борат за нејзиниот живот.

Наводно, таа се обесила откако претходно испила поголема количина лекови, но оваа информација не е официјално потврдена.

Нејзиниот брат загина на 22. јануари 2019 година кога падна авионот со кој тој се превезуваше од француски Нант кон британски Кардиф, за да потпише договор со клубот.

Токму Ромина Сала беше портпарол на семејството додека траеше истрагата за загунувањето на фудбалерот, а се чини смртта на братот за неа е преголем товар.

Аргентинските медиуми пренесуваат дека Романа на другарка и и испратила порака „готово е“ што ја алармирало да провери што се случува. Кога ја пронашле, веќе била во критична состојба.

Scroll to Top