Top Sport

Бонучи во аут еден месец?

Леонардо Бонучи, синоќа против Лацио, го повреди скочниот зглоб. Италијанските медиуми пишуваат дека тој би можел да биде надвор од фудбалските терени околу еден месец.

Бонучи, против Лацио беше заменет во 20.минута, а по завршувањето на натпреварот со помош на патерици заминал од „Олимпико“.

Доколку прогнозите на медиумите се покажат како точни, тогаш најважниот играч во одбраната на Јувентус ќе го пропушти првиот осмина-финален натпревар против Атлетико во Лигата на шампионите.

Scroll to Top