Репрезентативците на Англија се подготвенид а го напуштат теренот доколку на натпреварот со Чешка од трибините им бидат навредувани поради бојата на кожата. екле дека се подготвени да испратат порака дека им е доста од таквите навреди.
Одлуката на репрезентативците во случај на расистички навреди да го напуштат теренот на медиумите им ја соопштил младиот напаѓач на Челси, Тами Абрахам. Овој играч прв пат доби повик во сениорскиот тим. Тој на медиумите им изјавил дека фудбалерите разговарале со стручниот штаб околу протоколот што за вакви ситуации го предвиделе од Европската фудбалска унија.
УЕФА има протокол од три чекори кој инсистира да се спроведува во случај на расистички навреди.
1. Најпрвин навивачите ќе бидат предупредени да престанат со навредите
2. Судијата може кратко да го прекине мечот доколку навредите не престанат
3. Доколку не успејат првите две точки тогаш е предвидено мечот да биде прекинат