Политичката организација Комитет за одбрана на републиката (ЦБР) од Барселона официјално ги повика навивачите на фудбалскиот клуб да излезат со што е можно повеќе каталонски знамиња и да навиваат против Реал Мадрид во „Ел класико“ дуелот од полуфиналето на Копа дел реј на „Ноу Камп“ во среда.
Организацијат која се бори за воспоставување на Република Каталонија со пацифистички методи, вели дека натпреварот е совршено место за покажување на желбата на овој регион за независност.
„Да го наполниме стадионот со каталонски знамиња. Да го користиме нашето знаме за да покажеме дека сме сериозни за желбата за независност. Мораме да го направиме тоа за нашите политички затвореници. Мораме да направиме непријателска атмосфера со свиркање на Реал Мадрид и нивните фудбалери“, се вели во соопштението на ЦДР.
Барселона, никогаш не правела проблеми на тие кои сакаат да се борат за каталонската кауза на „Ноу Камп“. На речиси секој меч има некоја порака која е поврзана со независноста или политичката ситуација во Каталонија.
Фото: ЕПА