Top Sport

Бордо ја сопре серијата на ПСЖ (Видео)

Актуелниот шампион на Франција, ПСЖ, во 15 коло, го направи првиот „кикс“ во домашното првенство. Екипата од Париз ги загуби првите два бода во сезоната, откако во Бордо, одигра 2.2 против домашниот тим.

ПСЖ по 15 кола има 14 победи и едно реми, а максималниот ефект им го расипа Корнелуис со голот што го постигна во 84.минута кога израмни на 2:2.

Претходно, Нејмар погоди во првиот дел за 0:1, а во 53.минута израмни Бријан. Ново водство на ПСЖ му донесе Мбапе во 66.минута со својот 12. гол во сезоната.

ПСЖ убедливо води на табелата со 43 бода, дури 14 повеќе од Монпелје, додека Бордо остана на 11. место со 11 бода.

Scroll to Top