Top Sport

Борха Мајорал во Рома до 2022!

Рома официјално го потврдија доаѓањето на Борха Мајорал од Реал Мадрид на позајмица до јуни 2022 година.

„Волчицата“ го добива Мајорал на двегодишна позајмица со опција за купување – 15 милиони евра во првата сезона и 20 милиони евра во втората сезона. За позајмицата Рома ќе платат само 2 милиони евра.

Доколку се согласат да го купат Мајорал од Реал, тој би имал договор до јуни 2025 година, потврдија од Рома.

Мајорал последните две сезони ги играше како позајмен фудбалер во Леванте, а претходно беше позајмуван и од Волфсбург, откако излезе од академијата на Мадрид, каде што е уште од 2007 година.

Scroll to Top