Бугарскиот премиер Бојко Борисов се закани дека ќе го забрани присуството на гледачи во домашната лига доколку фановите продолжат да не ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање.
Бугарската Прва лига продолжи на 5 јуни по речиси три месеци пауза поради корона вирусот, и владата дозволи гледачи на стадионите, но беа забележливи повеќе прекршувања на правилата.
„Им дадовме шанса на фудбалерите да играат пред гледачи и што направија фановите? Се собраа заедно, без маски. Што сакаат да покажат? Гледам не се почитуваат ниту мерките да има до 1.000 навивачи на еден сектор. Ако продолжат вака, ќе забраниме пристап како во Германија, Шпанија и Италија“, вели Борисов.
Најзабележливо беше прекршувањето на правилата за време на софиското дерби меѓу ЦСКА и Левски.