Top Sport

Борусија Дортмунд го доби потписот на Халанд за само 21 милион евра!

Еден од најталентираните млади напаѓачи на светот, 19-годишниот Норвежанец Ерлинг Халанд потпиша договор со Борусија Дортмунд и покрај шпекулациите кои го поврзуваа со Манчестер јунајтед и Јувентус.

Сензационалниот Халанд, кој постигна 28 гола во 22 меча оваа сезона за Ред бул Салцбург, се приклучува на Дортмунд со договор до летото 2024 година и тоа за неверојатно ниска сума од само 21 милиони евра. Тој ќе се приклучи на соиграчите на „Вестфален“ на 3 јануари, потврдија од германскиот клуб.

Со овој сензационален трансфер се уриваат надежите на Јунајтед кои се обидуваа подолго време да го убедат Халанд да дојде на „Олд Трафорд“ и неговиот татко наводно веќе беше во Манчестер на преговори. Јувентус исто така беа „загреани“, но италијанскиот клуб не се согласи да ја плати високата плата на младиот фудбалер (наводно од 8 милиони евра годишно).

Scroll to Top