Top Sport

Борусија Дортмунд има нова гол-машина…Себастијан Але од Ајакс

Напаѓачот на Ајакс, Себастијан Але, ги договори сите детали со „милионерите“ и ќе стане новата „деветка“ на Борусија Дортмунд. Германскиот клуб за трансферот на одличниот голгетер на Ајакс ќе му исплати 35 милиони евра.

Але минатата сезона постигна 34 гола на 42 натпревари за Ајакс и беше втор стрелец во Лигата на шампионите со 11 погодоци. 28-годишниот фудбалер го делат само лекарските прегледи до дресот на германскиот великан.

Покрај Але и Адејеми кои ќе го засилат нападот, Борусија Дортмунд доведе нов фудбалер и во одбраната со ангажманот на стоперот на Фрајбург, Ник Шлотербек, а од поодамна е договорено доаѓањето на играчот на Баерн, Себастијан Зиле.

Scroll to Top