Борусија Дортмунд е свесна дека нема да може да го задржи Џуд Белингем следното лето. Извршниот директор Ханс-Јоаким Вацке не крие дека „милионерите“ тешко ќе одолеат на понудите од врвните клубови доколку на лето тргнат по Белингем.
„По СП во Катар, ќе разговараме за желбите на Џуд. Тој само треба да ни каже дали сака да замине или да остане. Ако има големи клубови вклучени, нема да можеме да се бориме со нив финансиски. Џуд е прекрасен човек, еден од најголемите таленти во европскиот фудбал и не е ни чудо што сите го посакуваат“, изјави Вацке и со тоа ја отвори вратата за неговото заминување.
Борусија Дортмунд за Белингем бара отштета од 150 милиони евра. Наводно, најсериозни кандидати во трката се Ливерпул, Манчестер Сити и Реал Мадрид.